Констракта го „сруши Јутјуб“/ВИДЕО
Updated: May 16, 2022
16.05.2022 Maj Ponedelnik
Откако имаше одличен настап на сцената во втората полуфинална вечер на Евровизија во Торино, српската претставничка Констратра стана убедливо прва во трендингот на Youtube со 1,4 милиони прегледи.
Констракта уште синоќа, по завршувањето на втората полуфинална вечер, за само неколку часа успеа да собере милион прегледи на платформата Youtube и да се пробие на убедливото прво место на листата на трендинг листата.
Тоа значи дека настапот на Констракт од синоќа, во втората полуфинална вечер, беше убедливо најгледан од сите други натпреварувачи. За споредба, следниот настап по гледаност, на полската делегација, во моментов има над половина милион прегледи.
Инаку, по втората полуфинална вечер на Евровизија во Торино, беше одлучен редоследот на настапи за големото финале, а српскиот претставник ќе настапи под реден број 24.
Погледнете го настапот кој го „сруши“ Youtube:
Comentários