top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Компромитирачко видео, киднапирање и изнуда опфатени во сагата на браќата Погба

Пол Погба со неговите браќа (Матијас е трет од лево кон десно) по освојувањето на СП 2018/Фото: Фејсбук - Пол Погба

Францускиот фудбалски репрезентативец кој настапува за Јувентус, Пол Погба, ѝ пријавил на француската полиција дека бил жртва на киднапирање и обид за изнуда, кои наводно ги организирале неговиот брат и пријател од детството.

Погба, како што објавија француските и англиските медиуми, им открил на истражителите дека бандата му се заканувала со оружје и од него барала 13 милиони евра за да не објават компромитирачко видео, како и надомест за „дискретна заштита“ во изминатите десет години.

Инцидентот се случил во март годинава во Париз, кога двајцата мажи под закана со оружје насилно го одвеле Погба во стан во париско предградие каде што фудбалерот го поминал детството. На таа локација членовите на бандата го обвиниле Погба дека не им помогнал финансиски откако станал професионален фудбалер.

Париската полиција потврди дека почнала истрага за случајот.

Обвинувањата за киднапирање и изнуда уследија откако братот на Погба, Матијас, во саботата на интернет објави видеоснимка на четири јазици (француски, италијански, англиски и шпански), најавувајќи „големи откритија“ за ѕвездата на Јувентус.



1 view

Commentaires


bottom of page