top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Композиција од Андовска селектирана на 29. Меѓународна трибина на композитори во Белград

Композицијата „Zugzwang” за виолина, пијано, перкусии и електроника од македонската композиторка Дарија Андовска, беше селектирана од над 200 композиции од целиот свет за изведба во рамки на 29. Меѓународна трибина на композитори во Белград, Србија.

„Од преку двеста композиции пристигнати на конкурсот на Сојузот на композитори на Србија, во програмата се вклучени само 38 дела на автори од Србија, Македонија, Велика Британија, Германија, Унгарија, САД, Русија, Словачка, Хрватска, Јапонија и Белгија, во програм од 6 концерти, кој според селекторката Бранка Поповиќ, е исполнет со композиции кои застапуваат изразито различни естетски „гласови“ на најновото творештво во современата уметничка музика во Србија и светот“, посочува Андовска.

Делото на македонската авторка Андовска, за потребите на фестивалот, е снимено во концертната сала Коларац во Белград од реномираниот ансамбл Метаморфозис, а понатаму емитувано на РТС Класикa

Дарија Андовска е една од најактивните и плодни композитори во државава, многукратно наградувана, двапати избрана за Виртуоз – најдобар композитор во Македонија, избрана меѓу шесте најактуелни млади композитори во Европа за проектот MusMA (Music Masters on Air), прогласена за Истакнат уметник на град Цирих. Нејзините дела се изведувани на реномирани фестивали и бројни концерти покрај во државава и во Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Кина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Грција, Франција, Англија, Јапонија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Малта, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција и САД.


4 views

Yorumlar


bottom of page