Search
Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „11 Октомври“
Композиторот Љупчо Константинов е добитник на државната награда „11 Октомври“ за 2023 година.
Наградата, како што соопшти Министерството за култура, на Константинов му се доделува за животно дело во областа на културата и уметноста.
Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, составен од претседател и 12 члена.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври (среда) во 12 часот во македонското Собрание.
Bình luận