top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Композиторот Олафур Арналдс лауреат на „Скопје синема сити“

16.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Во дворот на Кинотеката на Македонија, на 18 септември, со почеток во 19 часот, ќе започне седмото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Фестивалот ќе го отвори уметничкиот филм „Кога ќе се родиме“, во режија на Винсент Мун, за кој музиката ја напиша филмскиот композитор Олафур Арналдс, кој годинава е лауреат на фестивалот, а наградата му е испратена во Исланд.

Филмот е уметничко дело што раскажува една човечка приказна што се базира врз животот на Арналдс. Снимен на локации во Исланд летото во 2020 г., филмот истражува теми како ритуали, односи и нашите внатрешни пејзажи преку музиката на последниот албум на Олафур „Some Kind of Peace“, која е изведена и снимена на сетот. Како и албумот така и филмот се фокусираат врз тоа како сите се движиме напред во животот – тема што е особено важна во период на изолација и исклучување од светот.

Фестивалот е во организација на здружението „Номад-арт Скопје“, во соработка со Кинотеката на Македонија, институтот „Гете“ и фондацијата „Милан Младеновиќ“. Визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска.

Фестивалот ќе се организира во два блока, 18-19 септември и 20-21 септември. Сите проекции ќе почнуваат во 19 часот.


2 views

Comentarios


bottom of page