Комична реклама ги воодушеви обожавателите на „Пријатели“: Џенифер Анистон и Дејвид Швимер повторно заедно
08.02.2024 februari Cetvrtok
Колегите од популарната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон и Дејвид Швимер ги воодушевија обожавателите откако заедно се појавија во новата реклама која ќе се емитува на големиот спортски настан Супербол.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Рекламата всушност е за испорака на Убер, а започнува со Анистон која е на снимање на филм. Швимер ѝ приоѓа и се обидува да ја прегрне, но таа се однесува како да не знае кој е тој.
„Дали сме се сретнале порано?“, го прашува Анистон.
„Потсетиме“, додава Џенифер додека Швимер изненадено ја гледа и вели: „Па, работевме заедно 10 години“.
„10 години?“ одговара збунето Анистон. Швимер се уште е шокиран што таа не може да се сети на него, прашувајќи ја: „Сè уште не знаеш, нели?“.
Анистон си заминува и коментира „Како да заборавив десет години од мојот живот“. Дејвид ја завршува рекламата велејќи: „Го мразам овој град“.
Обожавателите на „Пријатели“ беа воодушевени од повторното обединување, а еден корисник на Твитер напиша дека рекламата е „сè што му требало“.
Инаку, Анистон ја играше Рејчел Грин во хит ситком „Пријатели“, додека Швимер го играше нејзиното момче Рос Гелер. Двојката се појавуваше заедно во серијата од 1994 до 2004 година.
Рекламата ќе се емитува за време на големиот натпревар на Супербол на 11 февруари. Во рекламата меѓу другите, се појавуваат и Ушер, Викторија и Дејвид Бекам и Џели Рол.
Comentarios