top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Комичарот Џими Кимел се враќа како водител на „Оскарите“ во 2023 година

Водителот на „Лејт најт шоу“, Џими Кимел, ќе биде домаќин на церемонијата на доделување „Оскари“ следната година, соопштија организаторите во понеделникот, избирајќи водител ветеран за најгламурозната ноќ во Холивуд една година откако актерот Вил Смит го засени настанот и наградите со шлаканицата врз комичарот Крис Рок. Академијата за филмски уметности и науки се надева дека Кимел, популарен американски комичар кој беше домаќин на „Оскарите“ во 2017 и 2018 година, ќе помогне да се зголеми гледаноста, а и ќе внесе доза на пристојност на церемонијата минатата година, која беше целосно засенета од неочекуваниот испад и шлаканица на Смит. Минатогодишниот пренос во живо на мрежата Еј- би-си доби втора најниска гледаност досега. Но, видеото од Смит како му удира шлаканица на Рок на сцената откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на актерот, беше широко споделенo на социјалните мрежи и со денови доминираше во насловите на вестите.


1 view

Comments


bottom of page