Комичарот Џеј Лено во стабилна состојба по пожарот во неговата гаража
Американскиот телевизиски водител и комичар Џеј Лено добил изгореници на лицето во гаража во Лос Анџелес кога еден од неговите автомобили избувнал во пламен. Левата страна на лицето на поранешниот водител на The Tonight Show му е изгорена, но окото и увото не се сериозно оштетени. Лено ја потврди веста за „Вараети“: „Добив сериозни изгореници од пожар предизвикан од бензин. Добро сум. Ми требаат една до две недели повторно да застанам на нозе“. Веб-страницата „Дедлајн“ го потврди пожарот предизвикан од бензин. Лено (72) требаше да присуствува на финансиска конференција во Лас Вегас, но плановите беа откажани по неговите повреди, кои во тоа време не беа јавно објавени. Лено поседува колекција од 286 возила – околу 100 автомобили и мотоцикли. Тој беше еден од најгледаните ТВ-водители во САД со својата емисија „Тунајт шоу“. По напуштањето на ток-шоуто, почна со своја сопствена програма, „Гаража“ (Jay Leno’s Garage), на Си-ен-би-си. Во последните две години тој е водител на You Bet Your Life.
Comments