top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Комисо го губи трпението со Влаховиќ: Ова не сме го понудиле ниту на Батистута!

30.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Претседателот на Фиорентина веќе извесно време преговара со Душан Влаховиќ и неговите агенти, па иако беше презадоволен што напаѓачот остана во Фиренца по завршениот летен преоден рок, полека почнува да го губи трпението со Србинот и блиските соработници. Роко Комисо му нуди 40-милиоска заработка на Србинот за петгодишен договор и според него тоа е нешто што не треба да се одбие, додавајќи дека клубот не издвоил толку пари и за легендарните Габриел Батистута и Руи Кошта. – На договорот со Душан работиме со месеци, некои денови се попозитивни од другите. Разговарав со Душан, а тој ми вели дека во овој момент е концентриран само на случувањата на теренот. Ми вели дека треба да зборувам со неговите агенти, а тие ми велат да зборувам со Душан. Не знам дали ќе потпише нов договор, но ние остануваме мирни. – Неговиот агент треба да дојде во Фиренца и да ги приводи преговорите до крај. Она што ќе го кажам е дека платата на Душан ќе биде највисоката издвоена за еден играч на Фиорентина, поголема и од едни Батитстута и Кошта. Му нудиме петгодишен договор вреден 40 милиони евра, му реков дека презема голем ризик доколку не потпише. Јас треба да работам цела година за тоа што тој ќе го добие во неколку дена. Не знам како фудбалот стигна до овој степен. – Малку сум и иритиран, Фиорентина не е само Влаховиќ. Ова е тим и сакаме сите да останат концентрирани, преговорите да не влијаат врз тимот. Сакав да биде ова завршено прашање, но не е само до мене, – порачува Комисо.


2 views

Opmerkingen


bottom of page