top of page

Комеморација за Лазе Манасков в среда во Драмски

22.12.2025 Dekemvri Ponedelnik

Погребот на актерот Лазе Манасков, кој почина на 20 декември на 67 години, е денеска на Градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат во капелата од 11:30 до 12:30 часот , соопшти Драмски театар од Скопје, неговата матична куќа. Комеморација во негова чест ќе се одржи во Драмски, на 24 декември во 12 часот.

Роден на 27 март 1958 во Скопје, Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година работеше во скопскиот Драмски театар, каде што остана до пензионирањето во 2022.

ree

Покрај многубројните улоги на театарската сцена, Манасков оствари плодна кариера и на филм и телевизија. Глумеше во филмовите „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“ и „Кајмак“, како и во ТВ-сериите „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Преспав“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ и други.

 
 
 

Comments


bottom of page