Комедијата „Внимавај што посакуваш“ пред скопската публика
11.04.2024 April Cetvrtok
На 17 април во 20 часот во Националната опера и балет премиерно ќе биде одиграна претставата „Внимавај што посакуваш“ (Пази шта желиш).
Претставата е создадена според мотивите на “The love list“ на Норм Фостер. Оригиналниот текст на претставата за прв пат беше изведен во 2003 во Кананок, Онтарио. Врз основа на популарната комедија, таа ги следи забавните авантури на двајца мажи во потрага по совршената жена. Во улогите на динамичниот дуо на мажи се Радован Вујовиќ и Александар Радојичиќ, заедно со талентираната Александра Томиќ.
Што се случува кога двајца мажи ќе паднат во замката да ја бараат совршената жена?
Претставата го истражува вечното прашање: Дали постои идеален партнер? Со интелигентен хумор и искрено раскажување, оваа претстава е гаранција за забава за публиката од сите возрасти.
Настанот е во организација на ЈЕС Продукција.
Comments