Комбинираната Англија без сили, „самураите“ го имаат херојот Митома!
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 1 min read
31.03.2026 Mart Vtornik
Репрезентацијата на Англија доживеа непријатен пораз во пријателскиот натпревар против Јапонија (0-1), одигран на легендарниот „Вембли“ во Лондон.
Избраниците на Томас Тухел имаа потешка задача од очекуваното, „самураите“ се прикажаа во добро светло и не дозволија да доживеат големи непријатности кај фаворитот. Англија имаше огромен проблем со повредени фудбалери, а селекторот не можеше да смета на осум играчи кои генерално беа носители на тимот во последно време.
Јапонците дојдоа до триумфот со единствениот погодок, кој беше дело на ѕвездата на Брајтон, Каору Митома. Голот беше постигнат во 23. минута, и се покажа како одлучувачки за победникот.
Уште еден фаворит на хартија, не успеа да ја оправда улогата. Селекцијата на Холандија ремизираше со конечни 1-1 во „контролката“ со Еквадор. Стрелци на погодоците беа Енер Валенсија и Вилијан Пачо, кој си постигна автогол уште во третата минута. „Лалињата“ скоро целиот натпревар го одиграа без Дензел Дамфрис, поради директен црвен картон на стартот од мечот.
Словачка со сигурни 2-0 ја надигра Романија, Украина ја порази Албанија со минимални 1-0, а селекциите на Велс и Северна Ирска ремизираа со конечни 1-1.






Comments