Командант Крег: Ѕвездата од серијалот 007 стана почесен офицер на кралската морнарица
28.09.2021 Septemvri vtornik
Британската кралска морнарица во петокот соопшти дека sвездата на серијалот Џејмс Бонд, Даниел Крег, е прогласен за почесен командант во службата – истиот чин што го има и измислениот таен агент.Во шпионските трилери на Јан Флеминг, кои всушност ја создадоа филмската сага, Бонд е поморски ветеран од Втората светска војна, кој работи за британската тајна служба со дозвола за убивање.Крег беше прогласен за почесен поморски офицер пред лондонската премиера на No Time To Die, негово петто и, најверојатно, последно појавување како 007.Од почетокот на серијалот во 60-тите, Бондовите трилери донесоа добредојден иако неофицијален и фиктивен публицитет за британските воени и разузнавачки служби. Вооружените сили на Велика Британија дозволија да се користат бази и персонал за потребите на најновиот филм „Не е време за умирање“.Првиот лорд адмирал Тони Радакин, началник на Кралската морнарица, која соработуваше со Даниел и екипата на најновиот филм, рече дека Крег е познат по тоа што во последните 15 години беше командант Бонд – поморски офицер, кој ја чува Британија безбедна преку мисиите во светот, додавајќи дека тоа го прави и Кралската морнарица секој ден користејќи иста технологија и вештина.Почесните поморски офицери се всушност амбасадори на службата.„Воодушевен сум што можам да му посакам добредојде на почесниот командант Даниел Крег во Кралската морнарица. Нашите почесни офицери дејствуваат како амбасадори на службата споделувајќи ги своето време и стручност во пренесување порака за она што нашата глобална, модерна кралска морнарица го прави во целиот свет“, рече адмиралот.„Даниел Крег во последните петнаесет години беше командант Бонд – поморски офицер, кој ја чува Британија безбедна преку разни мисии. Тоа го прави вистинската Кралска морнарица секој ден, користејќи технологија и вештина како и самиот Бонд“.53-годишниот актер изјави дека се чувствува привилегиран и почестен што ја доби титулата, што му доделува ист ранг како и неговиот најпознат лик, Џејмс Бонд.
Comentarios