Колонија со ретки орхидеи диво изникна во Лондон
Updated: Jun 19, 2021
19.06.2021 Juni Sabota
Колонија со ретки орхидеи е пронајдена во една градина на покривот на банка во центарот на Лондон. Ова е првпат оваа орхидеја да се види во Велика Британија откако е донесена во Корнвол во 1989 година. Серапиас парвифлора обично расте на медитеранскиот и атлантскиот брег на Франција, Шпанија и на Португалија.
Петнаесетте растенија што израснале во градината на 11-от кат на „Номура интернешнл“ се единствената дива колонија од овој вид во Велика Британија. Екологист што работи во јапонската инвестициска компанија „Номура“, Марк Патерсон, ги открил орхидеите на почетокот на јуни, за време на обиколка на градината. Никој не знае како ова растение стигнало до покривот на зградата во деловниот центар на градот, но Патерсон тврди дека нејзините семиња можат, со помош на ветерот, да поминат долги растојанија и, на пример, носени од топли ветрови од Сахара можат да го преминат Ла Манш.
Уште поневеројатно е што растенијата успеале да растат во градината опкружена со „непријателска“ вегетација.
コメント