top of page

Колку пари ќе добие Македонија ако се пласира на Светското првенство?

25.03.2026 Mart Sreda

Фудбалската репрезентација на Македонија игра бараж за место на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а на полуфиналниот пат стои Данска.

Нашиот национален тим е аутсајдер, но дали знаете колку пари ќе добие ако успее да се пласира на светскиот фудбалски собир?

Имено, самиот пласман меѓу најдобрите 48 селекции во светот кои ќе бидат дел од турнирот носат загарантирани 7,8 милиони евра. Пласман во нокаут-фазата ја зголемува премијата за четири милиони евра, што значи дека се добива 12 милиони евра.

Највисоката награда за освојувачот на Светското првенство 2026 изнесува 38,7 милиони евра.

Победникот од баражот меѓу Македонија, Данска, Ирска и Чешка, ќе игра во Групата А на СП 2026 заедно со Мексико, Јужна Кореја и Јужна Африка.



 
 
 

Comments


bottom of page