Колев: Момците се максимално подготвени, верувам дека ќе бидат рамноправни со фаворизираните противници.Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја очекува турнир во Словенија
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read
24.03.2026 Mart Vtornik
, елитните квалификации за пласман на Европското првенство.
Ова ќе биде сериозен предизвик за нашите млади фудбалери кои за ривали ќе ги имаат Германија и Франција, плус и домаќинот Словенија.
-Самиот пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, оваа генерација постигна голем успех. И покрај фактот што имаме исклучително тешки противници ќе се обидеме да направиме изненадување и нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови. На турнирот ќе се соочиме со великаните на европскиот фудбал Германија и Франција, а тука е и домаќинот Словенија. Верувам дека фудбалерите кои ќе настапат на овој турнир ќе одиграат на највисоко ниво и дека ќе бидеме рамноправни во дуелите со фаворизираните противници. Момците се максимално подготвени за следните предизвици и дека претстојните три натпревари ќе бидат уште едно големо искуство за оваа талентирана генерација, -изјави селекторот Влатко Колев за официјалниот сајт на ФФМ.
Прв противник во квалификациите ни е репрезентацијата на Германија, а натпреварот се игра утре, a почетокот е закажан за 16 часот. На 28-ми во истиот термин се среќаваме со Франција, а на 31. играме со домаќинот Словенија.






Comments