top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Колдплеј“ е најслушаниот британски бенд на 21 век, според ППЛ

01.11.2024 Oktomvri Vtornik

Компанијата за лиценцирање музика ППЛ го прогласи „Колдплеј“ за најслушаната британска група на 21 век.

Лондонскиот поп-рок-бенд, кој го вклучува фронтменот Крис Мартин заедно со Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, се емитува 40.000 пати повеќе на британските радиостаници и телевизии од класичните рокери на „Квин“, кои беа на второто место.

Најслушаната песна на „Колдплеј“ е хитот број еден од 2008 година, Viva La Vida, а потоа следуваат нивните други хитови – Paradise, Clocks, Something Just Like This и Adventure Of A Lifetime.

На трето место е бој-бендот Take That, групата од X Factor, Little Mix, следува на четвртото место, а „Битлси“ е на петтото место. Рокерите од Манчестер, „Оесис“ се на шестото место, а „Би џис“ е на седмото место, велшката група „Стереофоникс“ е на осмото, поп-дуото „Јуритмикс“ е деветто, а „Ролинд стоунс“ ја заокружува листата на десеттото место.



0 views

Comments


bottom of page