Коко Јошизава од Јапонија стана втората најмлада спортистка со злато на Олимписките игри
29.07.2024 Juli Ponedelnik
На натпреварот во скејт што се одржа денеска во Париз во рамките на Олимписките игри, младата јапонска тинејџерка Коко Јошизава испиша историја со тоа што стана втората најмлада спортистка која некогаш освоила златен медал.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Таа успеа да го направи тоа со само 13 години и 330 дена, а на врвот на оваа листа е Марџори Гестринг која се закити со златниот медал во скокови во вода на Олимписките игри во Берлин во 1936 година, кога имаше само 13 години и 268 дена.
Јошизава успеа да се израмни со вториот најмлад освојувач на злато до сега, исто така од Јапонија Момиџи Нишија, која верувале или не, исто така на Олимписките игри во Токио во 2021 година имаше 13 години и 330 дена.
Јошизава го освои златото со најдобриот трик на попладневните часови и славеше пред сонародничката Лиз Акама (15), додека Бразилката Рајса Леал (16) ја освои бронзата, потврдувајќи дека тинејџерките владеат со женскиот скејтборд.
Comments