Коко Шанел ја промени модата со пет револуционерни правила
14.01.2022 Januari Petok
Пионерката во светот на модата, дизајнерката Габриел Бонер, позната како Коко Шанел, беше една од жените што ја револуционизираа модата. Коко го посвети својот живот на модата и дизајнот, имаше едноставни модни правила, кои денес останаа запишани како револуционерни. Иако беше генијалка, остана запаметена првенствено по парфемот „шанел бр. 5“, кој беше лансиран во 1923 година, како и костумот на Шанел, кој се состои од здолниште до колена и палто. Иако здолништата постоеја и пред неа, Коко Шанел ги направи стандардни. Таа сметаше дека едноставноста е клучот за вистинската елеганција. Покрај парфемите и костумите, Коко Шанел ја промени модата и со овие пет револуционерни правила.
Женски панталони Некогаш панталоните ги носеа само мажите, а Коко Шанел сметаше дека корсетите во фустаните не им даваат на жените доволно мобилност и слобода. Така, во една пригода, кога тргнала на јавање, сфатила дека не може да јава во здолниште, па на еден јавач му ги соблекла панталоните и ги облекла на себе.
Мал црн фустан Сакала да создаде парче облека што ќе можат да си го дозволат сите жени, кое нема да мора постојано да го купуваат и со кое во секој момент ќе изгледаат модерно. Така настанал малиот црн фустан, кој е едно од парчињата што „не го губат сјајот“ од неговото претставување во 1928 година. Малиот црн фустан го популаризира големата актерка Одри Хепберн. Малиот црн фустан може да се носи прекуден, но и за вечерно излегување, сѐ зависи од додатоците.
Бижутерија Таа била жена што често ја гледале со куп лажни бисери и кристали. Таа сакала да дизајнира парчиња што можат да си ги дозволат сите жени. Маица на морнарски пруги Ги гледала француските рибари како носат облека со пруги, па решила во женската мода да ги воведе бело-сините пруги, кои подоцна биле префрлени на сите други парчиња облека.
Исончан тен Некогаш исончаниот тен се поврзуваше со работничката класа, а таа еднаш се исончала на плажа во Франција и кога се вратила во својот крај, сите се восхитувале на нејзиниот тен, кој изгледа засекогаш ќе остане популарен.
Comments