top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Кода“ постави темели за глувите кинопосетители

Updated: Aug 10, 2021

09.08.2021 Avgust Ponedelnik

Одењето во кино не е многу забавно за глувите луѓе. Проекции на филмови со натписи се ограничени, а специјалните очила и опрема потребни за нивно читање често се скршени или недостапни. „Кода“ – приказна за полнолетството на единствениот слушен член на семејство на глуви – ќе го промени ова кога ќе се прикаже со отворени натписи за кои нема потреба од специјална опрема во сите киносали во САД и Велика Британија, почнувајќи од петок. „Не може да биде пореволуционерно, исто како што самиот филм е револуционерен во поддршка на заедницата на глуви и наглуви лица“, вели Марли Матлин, која глуми глувонема мајка во филмот. Таа е единствен глув актер/актерка што некогаш освоил „Оскар“ за најдобра женска уога во „Деца на помалиот Бог“ (Children of a Lesser God) во 1987 година. Кода (CODA), акроним на англиски јазик за дете на глуви родители, освои четири награди на филмскиот фестивал „Санденс“ претходно оваа година. Исто така, од петок ќе се емитува со целосни преводи (титлови) на повеќе од 36 јазици на „Епл ТВ плус“.


1 view

Comments


bottom of page