top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кога ја имаш поддршката на вистинските луѓе, предизвиците стануваат надминливи

Македонската претставничка на Евросонг за претстојниот настап во Торино

Македонската претставничка на овогодинешниот „Евросонг“, Андреа Коевска (22), во разговор за МИА зборуваше за претстојното учество на музичкото натпреварување во Торино, Италија, на кое ќе настапи песната „Circles“.

– Евровизија е голем предизвик за мене како музичар, но и како личност. Напорно и упорно работам на сè што е поврзано со настапот. Сакам да ја претставам Македонија, а и себеси, во најдоброто светло. Кога ја напишавме песната сите коцки се склопија. Масе во секој момент умее да ми ја почувствува енергијата и знае што точно треба јас да извадам од себе за да надминам каква било ситуација. Сега, од оваа гледна точка можам да кажам дека полека, но сигурно се остварува мојот сон. Константно вложуваме труд, време и енергија, не само јас, туку и сите што се околу мене. Ова навистина е тимска работа. Кога ги имаш вистинските луѓе околу себе кои неизмерно те поддржуваат, предизвиците стануваат надминливи, а сните, остварливи – вели Коевска.

Подготовките за настапот во Торино се во почетна фаза, а нејзина цел е да ја претстави Македонија во убаво светло.

– Искрено, повеќе се фокусирам на позитивните коментари и поддршката што ја добивам и од познати и од непознати. Моментно сме во почетна фаза на подготовки и не би сакала енергијата да ја насочувам кон негативните коментари. Секој има право на свое мислење и тоа го почитувам. Моја цел е да се подготвам најдобро што можам и да ја претставам Македонија во убаво светло – порача Коевска.


2 views

Comments


bottom of page