top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ковид пандемијата не ги спречи премиерите и гостувањата на МНТ, но и наградите

На сцената на Македонскиот народен театар во 2021 година и покрај ковид пандемијата се реализираа четири премиерни изведби, две продукции на МНТ и две копродукциски претстави. Непосредно по премиерните изведби следуваа повеќе патувања и фестивалски гостувања на македонската сцена и надвор од границите, како и гостувања на домашни и странски продукции на сцената на МНТ.

Како круна на успешните продукции се случија и повеќе наградувања. Претставата „Само глас“ чија премиера се оствари во мај, гостуваше на 29. ФКТ „Ристо Шишков“, а првенката Звездана Ангеловска е единствен актер во историјата што по втор пат ја добива наградата лауреат за најдобро актерско остварување.

На 16. меѓународен фестивал „Јоакимфест“, Р Србија претставата ја доби и Специјалната награда на градот Крагуевац за извонреден музички концепт. “Непосредно потоа следеа и наградите од 55. МТФ „Војдан Чернодрински“, награда за животно дело за доајенот на МНТ, Емил Рубен, а актерот Јордан Симонов е добитник на наградата за главна машка улога за улогата Филип во претставата „Мој термин“, додаваат од МНТ. Се отвори и изложбата „Монодрамите и дуодрамите на МНТ“ од отворен, но и виртуелен тип, а по идеја и реализиција на Ивана Јарчевска и Мила Анѓелковиќ беа прикажани 20-тина монодрами и дуодрами кои се центар на истоимената изложба.

Првенецот на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, за монодрамата „Последната лента на Крап“ која е во негова изведба и режија, на 22. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола доби гран при за најдобра претстава и најдобра режија.

Со копродукцискиот проект „Нема да биде крај на светот“ од младиот автор Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ започна изминатата сезона, иако праизведбата/премиерата прво беше одиграна на сцената на Сараевски ратни театар — САРТР од Сараево, БиХ. На оваа драма на театарскиот фестивал „Живи фест“ во БиХ, ѝ беа доделени четири едногласни награди: специјалната награда за режија за Нина Николиќ, наградата за најдобра актерка за Дарја Ризова, наградата за најдобар актер за Саша Ханџиќ и специјалната награда за актерска игра за Џана Џаниќ.

Следеше и претставата според вистински приказни „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, а во продукција на МНТ и Wonderland Theatre. Непосредно по успешната премиерна изведба претставата отпатува на балканско-европска турнеја (Р Србија, Р Полска, БиХ како и двете гостувања во Битола и во Штип) и за краток период ја освои театарската публика. Последната претстава за изминатата година е „Торонто експрес“ од домашниот автор Зоран Спасов – Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на Александар Микиќ. Станува збор за урнебесна комедија која во исто време расплакува од смеа, но и од тага.

Бројни беа и годтувањата на МНТ па така “Претставата „Отело“ гостуваше на 18. ИФАД во Стоби на сцената во „Ј.Х.К.-Џинот – Велес“ и Скопско лето. „Само глас“ исто така гостуваше на 42. Скопско лето, како и на 61. Интернационален фестивал “Охридско лето“ каде што МНТТ ја подари и бистата од Ана Липша-Тофовиќ датирана во 1970 година, со наслов „Орфеј на Ана“. Претставата „Кец на десетка“ гостуваше на манифестацијата „Струмица —Град на културата“, а „Мој термин“ е претставата со која МНТ го отвори 55. МТФ „Војдан Чернодрински“.

Годината се заврши со монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии“, чија промоција ќе биде во текот на оваа година.


2 views

Comments


bottom of page