Search
Ковид-19 и повредите го ставија на пауза шоуто „Танцување на мраз“
16.02.2021 februari vtornik ТВ-шоуто „Танцување на мраз“ ќе паузира една недела откако Ај-ти-ви соопшти дека следниот викенд ќе нема натпреварување во живо како мерка на претпазливост. Одлуката следува по заминувањето на актерот Џо-Ворен Плант минатата недела кога беше објавено дека бил позитивен на Ковид-19. Претходно, и Џејсон Донован изјави дека нема да се натпреварува викендов поради болки во грбот. Шоуто ќе се врати на 28 февруари, а следниот викенд ќе се прикажува специјална епизода со акцент на минатите изданија.
Comments