Книга: „Џезтетика“ – портрети на македонски џез-музичари
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2022
- 1 min read
„Џезтетика“ е насловот на првата книга фотографии на Татјана Ранташа.
Книгата се состои од портрети на 50-тина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионален фотограф што ги бележи сите позначајни музички настани во нашиот град. Оваа збирка фотографии е производ на долгогодишно “висење“ на авторката по концерти, клубови, проби и дружење со музичарите, еден цел живот испреплетен и оплеменет од нашата музика. Фотографиите се медиум што на гледачите им ја пренесува магијата на музиката, но во исто време се и документ за едно време, луѓе и настани од нашето блиско минато, а самата книга е своевиден печат и спомен на она што сме го поминувале и доживувале на нашата музичка сцена сите овие години.
Воедно, книгата е облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев.

Comments