top of page

Книга: „Џез“ – текст претворен во музика

„Џез“ од 1992 година се вбројува меѓу најдобрите дела на нобеловката Тони Морисон.

Во романот, Џо Трејс, средовечен продавач на козметички производи, во зимата 1926 година, ја убива својата млада љубовница. На погребот, Виолета, жената на Џо, го напаѓа трупот на девојката. Оваа страсна, прониклива приказна за љубовта и опсесијата е исткаена од жестоки емоции, силни надежи и длабоки стравови. Живата музика и животниот стил од дваесеттите години во Харлем ритмички пулсираат на страниците на „Џез“. Онака како што џез музиката често е нескротена, слободна и хаотична, така и настаните во романот се претопуваат, временските и просторните нишки се вплетуваат една во друга, минатото и иднината се мешаат, а прозниот текст се претвора во поезија и музика.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page