Search
Книга: „Чудовиштето“ – за невозможната, безнадежна љубов
„Чудовиштето“ на Владимир Зарев е „роман за раѓањето и заминувањето, за стравот и љубовта, творештвото и слободата, за споменот и заборавот, младоста и стареењето, за човекот“.
„Ова е роман за љубовта, за невозможната, безнадежна, но чиста и искрена љубов меѓу стариот писател и убавата млада новинарка. Нивните животи се испреплетуваат, но и се заробуваат во синџирите на моралната кауза. Роман за мудроста и големото прашање, дали е доволна за разумот на разумниот да се исправи пред моралните закони во него. Злото е привлечно, неговата појава секогаш е само навидум случајна, а всушност строго испланирана и контролирана“, ќе посочи издавачот „Или-или“.
コメント