Книга: „Чичко маестро Џамбаз“ – во светот на децата
12.03.2024 Mart Vtornik
Оваа публикација претставува збирка на песни од Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика.
Изборот, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот, а во соработка со авторот на нотографиите, музикологот Марко Коловски. Кон нив е приклучен воведниот дел на Бранка Костиќ-Марковиќ, која се осврнува на детското творештво и на професионалната биографија на Џамбазов.
Насловот на збирката не е случаен, зашто сите „славејчиња“, поранешни солисти на познатиот фестивал на детска песна „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, кој беше редовната хорска придружба на споменатиот фестивал, Александар Џамбазов, диригентот кој ги водеше низ живата изведба, од милост го нарекуваа чичко маестро Џамбаз. А тој возвратно, на шега, ги нарекуваше златни гавранчиња.
Comments