top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Книга: „Часовничарот“ – и совеста која никогаш не спие

16.06.2021 Juni Sreda

„Часовничарот“ на Михаела Гашпар е потресен и мудар роман за немирната совест и болните семејни односи.

„Секоја вечер, додека ги закопчува пижамите и се поздравува со сопствениот одраз во огледалото, главниот лик на овој роман, Јосип Мајдак, се подготвува за својата смрт. Секоја вечер се одвиваат и нашите генерални проби на умирањето, во кои, исто како него, легнуваме со надеж дека утрото сепак ќе станеме. Кога ќе ја положиме главата на перница – без разлика дали таа е со пердуви или анатомска, она што дише покрај нас, онаа нејасна присутност што останува кога ќе се изгасат и светлата и сенките, е нашата совест. Наутро тивко се подигнуваме и се искрадуваме од постелата за да не си ја разбудиме совеста. Но совеста на часовничарот Јосип бдее будна во ноќта и веќе никогаш нема да заспие. Ќе му ги довлечка в постела сите оние на кои тој одамна заборавил: покојници, живи и оние за кои не се знае…“, ќе посочи издавачот „Антолог“.


4 views

Comments


bottom of page