Search
Книга: „Умешност на лутината“ – мал водич за голема лична моќ
„Умешност на лутината“ на Билјана Велковска нè води на мало патување во лутината. Ова чувство е корен на многу наши дисфункционалности, незадоволства, несигурности, ама и учител и извор на нашата лична моќ.
Разбирливо и преку примери, книгата ни открива слој по слој од лутината. Што правиме со својата лутина? Зошто го правиме? Свесно ли избираме како ќе ја покажеме или ќе ја скриеме? Како влијае тоа на нашиот живот, на нашата самодоверба, на нашите лични односи? И, конечно, што можеме да преземеме околу тоа? На крајот, сфаќаме дека патувањето со „Умешност на лутината“ било патување во самите нас.
Comments