Книга: „Уметноста на наследување тајни“ – и нивното откривање
01.11.2021 Noemvri Ponedelnik
О’Нил е роман со воодушевувачки ликови, романса, интриги и многу изненадувања кои ќе ги поттикнат читателите на неизвесни претпоставки до самиот крај.
„Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните списанија за храна во Америка, одеднаш дознава дека наследила стар англиски имот и титула. Соочена со смртта на својата сакана мајка, 38-годишната Оливија одеднаш станува грофица обременета од товарот на своите предци, но и на многу мрачни тајни скриени во напуштениот замок. Вознемирена од сознанието дека мајка ѝ криела нешто толку големо од неа, го напушта Сан Франциско и заминува во потрага по одговори. Но зошто никогаш не ѝ кажала за својот дом и за причините зошто го напуштила? Слој по слој, Оливија го ослободува минатото од превезот на тајните скриени во дворецот што пропаѓа и во неговите величествени градини…“, ќе посочи издавачот „Три“.
Comments