Книга: „Трагачот“ – за осуетените соништа за бегство
„Трагачот“ на Тана Френч е напнато и неизвесно ремек-дело за осуетените соништа за бегство.
„По 25 години полициска работа и по мачниот развод, Кал го напушта Чикаго верувајќи дека мирниот селски живот ќе му помогне да се соземе од напорната и трагична реалност. Сака да почне од почеток во некое мирно, мало место со добар паб, каде што ништо особено нема да се случува. Но наскоро ќе открие дека дури и малите места кријат мрачни тајни. Од селото исчезнува едно мало момче, но никој не е особено загрижен поради тоа, дури ни полицијата. Тогаш во Кал повторно се буди полицаецот и тој започнува своја истрага. Убеден дека нешто не е во ред, не може да остане мирен додека не открие што е тоа. Извонредна приказна од најпознатата ирска авторка која со оваа книга го потврдува своето место меѓу најдобрите во криминалистичкиот жанр“, ќе посочи издавачот „Три“.
Commenti