Книга: „Типологија на писмото“ – за видовите писма во светот
„Типологија на писмото“ на Игор Радев е компаративно и научно изведена студија за видовите писма во светот, историјата и развојот на писмата, но и за писмата како фактор на влијание во развојот на културните системи низ историјата на човештвото. Врз основа на прецизни методолошки рамки, авторот нуди нова типологизација на системите на пишување што се користат во светот.
Како што истакнува академик Катица Ќулавкова: „Д-р Радев во ова фундаментално и репрезентативно културолошко и лингвистичко истражување покажува како може да бидат типологизирани писмата врз основа на Аристотеловата теорија на четирите причини. При тоа, тој посветува особено внимание на обликувачката и целната причина (последните две), сметајќи ги за најрелевантни параметри на класификацијата на писмото. Тој покажува дека главната дихотомија на системите на пишување е помеѓу оние писма чии графеми поседуваат или а) само формална структура (такви писма се: кирилицата, латиницата, арапското писмо, јапонската кана), или б) двојна структура (формална и функционална), какво што е кинеското писмо (па и месопотамскиот клинопис во минатото)“.
Comments