Книга: „Тао те чинг“ – ода на мудроста
25.01.2022 januari Vtornik
„Тао те чинг“ е ремек-дело на кинескиот мудрец Лао Це и е задолжителен прирачник за сите кои сакаат да живеат во хармонија со себеси, со другите луѓе и со природата.
„Иако е напишано пред повеќе од 2.500 години на Далечниот Исток, концептите и учењата што ги изнесува никогаш не биле порелевантни за современиот западен свет. Тао те чинг е практичен водич до идеалната личност што треба да ја постигне секој поединец. Тао те чинг не е израз само на филозофијата и мистиката на Истокот, тоа е езотерична и истовремено практична книга применлива во животот на современиот човек, таа е ода на мудроста од вечниот извор што го носиме во себе. Учењето на таоизмот и на ‘Стариот учител’ нуди одговори за најразлични животни прашања, а идејата за умствена и душевна рамнотежа ја прави корисна и во бизнисот и во политиката. Следењето на овие концепти доведува до разбирање на сите нешта во човековата природа, поставувајќи го себепознанието како највисока мудрост. Тие го покажуваат патот до внатрешната сила и моралното живеење што, всушност, е и целта и значењето на тао, или правиот пат…“, ќе посочи издавачот „Три“
Comments