Книга: „Со љубов од Лондон“ – во потрага по вистината
„Со љубов од Лондон“ од Сара Џио, бестселер на „Њујорк тајмс“, е приказна за библиотекарката Валентина Бејкер која наследува книжарница од нејзината мајка. Кога била тинејџерка, нејзината мајка неочекувано побегнала во родниот Лондон, оставајќи ги Вал и татко ѝ сами. Вал сега има триесеттина години и пропаднат брак зад себе, па се чувствува како да не си го сака животот – и знае дека нејзиното срце сѐ уште е скршено благодарение на тоа што била напуштена од сопствената мајка.
Во еден горко-сладок сплет на судбината, Вал добива абер дека нејзината мајка починала и ѝ го оставила својот стан, како и имотниот лист за една книжарница. Иако веста е поразителна, Вал одеднаш цврсто решава да открие која и каква била нејзината мајка навистина. Го прелетува океанот, го напушта Сиетл и започнува нов живот во Лондон…
Comments