Книга: „Скршнувања“ – македонски хроники 2017 – 2020
04.06.2021 Juni Petok
„Скршнувања“ на Емануел Рембер е збирка хроники објавени во списанијата Космо, Економија и бизнис и Портрет, за кои директорот на Францускиот институт во Скопје, секој месец пишува текстови.
„Емануел Рембер го интересира апсолутно сè. Пишувањето и љубопитноста постојано го следат во животот, особено кога, обесхрабрен од модерните текови, ќе се најде седнат на некоја карпа со сино пенкало и бел лист во раката. Опсегот на теми што ги опфаќа Рембер е широк, а ги вклучува Охрид, Пелистер, Париз, Лондон, Ливерпул. Авторот оди на гости кај писатели, им пишува писма на своите деца, навечер длабоко размислува, преку ден кратко медитира, ужива во виното и запознава еден месар во Крушево. И додека во својата последна книга ‘Во Лотарингија’ Рембер раскажува за патувањето по стапките на еден белгиски писател, ‘Скршнувања’ е огледало на новите патешествија во Македонија“, ќе посочи издавачот „Три“.
Comments