top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Книга: „Рашомон“ – шест приказни на модерната јапонска книжевност

09.10.2024 Oktomvri Sreada

„Рашомон“ е ново, подобрено издание на познатата книга раскази од Рјуносуке Акутагава. Акутагава творел во почетокот на 20 век и направил целосен пресврт во тогашната јапонска книжевност.

Според првиот расказ од овој избор „Во коријата“, во кој се раскажува грозничавата приказна за убиството на еден самурај, и тоа преку видувањата на сведоците, вклучувајќи го и духот на убиениот, култниот јапонски режисер Акира Куросава го сними филмот „Рашомон“ ‒ една надреалистичка криминалистичка драма што нуди неколку верзии на ист настан од различни перспективи. Басноликиот расказ „Каша од јам“ говори за чувствата што се поврзуваат со имањето желби и со нивното исполнување, дури и по цена на понижување. Во „Маченикот“, пак, сирак одгледан од језуитските свештеници е прогонет кога одбива да признае дека забременил една локална девојка и успева да си ја поврати нивната љубов и почит само по цена на неговиот живот. Сите шест приказни во збирката го прикажуваат Акутагава како мајстор во раскажувањето и како исклучително возбудлив глас на модерната јапонска книжевност.


0 views

Comments


bottom of page