Search
Книга: „Развигорот нежно дувка“ – басни и бајки за деца, но и за возрасни
„Развигорот нежно дувка“ содржи избрани басни и бајки на Сун Ѓианѓианг (1946).
„Басните се куси, но предизвикуваат размислување со извонредно изведени заплети и техники за пишување. Тие можат да го поттикнат критичкото размислување на младите читатели. Некои од басните се полни со животна филозофија, додека други се поетски или интригантни. Делата се со многу високо ниво на литературна поука. Како и басните на Езоп, и оваа книга е погодна за читање за деца, но и за возрасни читатели“, ќе посочи издавачот „Македоника литера“.
Книгата е дел од антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“.
Comentarios