top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Книга: „Пакетот“ – и нова непрoспиена ноќ

Германскиот мајстор за трилери Себастијан Фицек со уште едно ремек дело кое ви ветува нова непрoспиена ноќ – „Пакетот“.

Младата психијатарка Ема Штајн е третата жртва на психопат кој новинарите го нарекуваат „фризерот“ затоа што им ги бричи главите на жените пред да ги убие. Ема, единствената која успева да му побегне, се плаши дека фризерот ќе се врати по неа за да ја доврши грозоморната мисија. Во нејзината параноја, таа е убедена дека секој маж што го гледа е фризерот, иако реално воопшто не успеала да го види во хотелот. Ема се чувствува безбедно само во нејзината мала куќа во Берлин – или барем се чувствува до дента кога поштарот ја замолува да прими еден пакет во име на нејзиниот сосед кој не одговара на ѕвончето. Маж чие име не ѝ е познато и кој таа никогаш не го сретнала, иако живее на истата улица со години… Кога пакетот влегува во нејзиниот дом, Ема станува попараноична од кога било претходно…


3 views

Comments


bottom of page