Книга: „Островот со скриеното богатство“ – авантуристички роман
„Островот со скриеното богатство“ на Роберт Луис Стивенсон е авантуристички роман, имитиран толку многу пати што дури и малкумината кои го немаат читано, веќе ќе бидат запознаени со некои од неговите ликови и настани. „Безмалку секоја од модерните идеи за пиратите потекнува или е популаризирана во ‘Островот со скриеното богатство’: едрениците, пустите острови, едноногите морнари со папагали на нивните рамена, картите со скриено богатство обележани со икс (X). Роберт Луис Стивенсон успева во оваа книга да создаде не само еден од најсаканите класици за деца, но и едно од најнезаборавните дела во историјата на книжевноста. Причината за успехот на Стивенсон е двојна: тој не само што е еден од врвните мајстори на зборот (фален и величан во повеќе од еден наврат и тоа од автори од рангот на Борхес, Хенри Џејмс, Пруст и Набоков), туку е и еден од најуспешните диригенти на фабулата“, ќе посочат од издавачката куќа Арс Либрис.
Comments