Книга: „Низини“ – љубовно-социјална драма
03.11.2021 Noemvri Sreda
Драмата „Низини“ (1896) на Анжел Гимера е љубовно-социјална и трогателна приказна.
„Главниот лик е Марта, сиромашна селска девојка, млада љубовница на Себастијан, голем земјопоседник. Тој мора да се ожени со богата жена. За да стави крај на гласовите за врската со Марта, но и покрај тоа да ја задржи како љубовница, Себастијан ја мажи за несвесниот Манелич, млад овчар од планините, и ги сместува младенците во селската воденица. Марта се наоѓа во ситуација да биде растргната помеѓу стариот авторитарен љубовник и новиот мил сопруг. ‘Низини’ е најпознатото дело на Гимера и станува меѓународна сензација веднаш по својата театарска премиера, а преведена е на над 15 јазици. Освен што е многу изведувана во театрите во светот, трипати е адаптирана за опера, а е филмувана дури осумпати, од коишто еднаш и во режија на култната германска режисерка Лени Рифенштал“, ќе посочи издавачот „Македоника литера“.
Comments