Search
Книга: „Мојата Пепелашка“ – во потрага по љубовта
Во „Мојата Пепелашка“ на Колин Хувер случајна средба ги наведува осумнаесетгодишниот Даниел и девојката која случајно налетува на него да си искажат љубов еден на друг.
„Но, оваа љубов има услови: се согласуваат дека ќе трае само еден час и ќе биде замислена. Кога ќе помине тој еден час и девојката ќе отрча како Пепелашка, Даниел се обидува да се убеди себеси дека она што се случило меѓу нив изгледало совршено само затоа што тие се преправале дека е совршено. Моменти како овие со девојка како оваа не се случуваат надвор од бајките… Даниел наскоро сфаќа дека пронаоѓањето на Пепелашка не е гаранција за да бидат ‘среќни засекогаш’… тоа е само дополнителна закана…“, ќе посочи издавачот „Арс ламина“.
Comments