Книга: „Куќната помошничка“ – не е ништо како што изгледа
„Куќната помошничка“ е роман од Фрида МекФаден и бестселер на Њујорк тајмс.
Во него Мили Каловеј очајно бара пристојна работа и затоа, веднаш ја прифаќа понудата за куќна помошничка во богатото семејство Винчестер, занемарувајќи ги ситните проблеми што доаѓаат со позицијата. Се вселува во таванското сопче на прекрасната куќа, каде што има сопствен кревет и покрив над глава – но зошто вратата се заклучува само однадвор? Зошто Нина Винчестер постојано прави неред и ги меша работите и датумите? Зошто градинарот ја предупредува дека ја демне опасност, но не сака да и каже ништо поконкретно? За жал, Мили нема скршена пара и нема свој дом, па не може да си дозволи да даде отказ. Сепак, наскоро ќе дознае дека ситуацијата во домот на Винчестерови не е воопшто таква каква што изгледа на прв поглед.
Comments