Книга: „Кафе Хиена“ – за есенцијата на човечкиот живот
Романот „Кафе Хиена“ (Планот за испраќање) на Јана Бењова, добитник на Европската награда за литература за 2012 година, е неконвенционална книга со специфична, фрагментарна структура, која претставува мозаик од необични приказни, луцидни перцепции, размисли за современиот начин на живот.
„Дејството на романот е сместено во братиславската населба Петржалка, еден вид микрокосмос во кој несекојдневните ликови ја изведуваат својата игра на животот. Ова е книга за чистата есенција на човечкиот живот, за самотијата, но и за припаѓањето еден кон друг, за љубовта, за поткрепата, за вечното чекорење, себепреживување, преживување на светот и во светот, но и за испраќање отаде другата страна“, ќе посочи издавачката куќа Магор. „Оваа проза ја сметам за најдобриот текст што сум го читал од чешко-словачкиот регион во последниве дваесет години“, ќе истакне Ладислав Хорачек.
Comentários