Книга: „Исповедите на Катерина Медичи“ – за една од најмоќните жени
28.02.2022 Februari Ponedelnik
„Исповедите на Катерина Медичи“ на К. В. Гортнер е брилијантна новела за животот на една од најмоќните жени во историјата. „За некои таа е Кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство. За други таа е посветен спасител на Француската монархија. Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи ја мажат на францускиот двор за Анри, синот на Франсоа I. Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, ја води неуморната битка против француското благородништво, кое ги влече конците на религиските конфликти, користејќи ја борбата меѓу католиците и хугенотите за да ја преземе француската круна. К.В.Гортнер ликот на Катерина го претставува преку нејзина лична нарација, внесувајќи го читателот во интимниот свет на една жена која е подготвена на сè за да го заштити престолот за нејзиното семејство. Од бајковитите замоци, сè до религиските војни и колежите по улиците на Париз, ‘Исповедите на Катерина Медичи’ претставува извонредно патување низ животот на најозлогласената или погрешно разбраната жена која некогаш била кралица“, ќе посочи издавачот „Култура“.
Comments