top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Книга: „Интимен живот“ – феноменот на инстант културата

05.07.2024 Juli Petok

Во „Интимен живот“ на Николо Аманити се открива животот на Марија Кристина, прекрасна четириесетгодишна поранешна манекенка и сопруга на актуелниот премиер на Италија.

Според медиумите и социјалните мрежи, таа е најубавата жена на светот, иако животот не ѝ бил секогаш лесен и претерано наклонет. На почетокот, како читатели ја мразите оваа жена, затоа што е привилегирана, убава и богата, но како што се одмотува приказната така сфаќате дека почнувате да ја сожалувате. Таа е жртва на консументското општество, гладно за афери и за скандали, кое е спремно да ја проголта, но наоѓа сила и храброст да му се спротивстави. Аманити повторно се претставува како мајстор на општествената сатира, и тоа на онаа најактуелната, поврзана со феномените на инстант културата, социјалните мрежи, стереотипите и нивните разобличувања.


1 view

Comments


bottom of page