top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Книга: Зошто никој не ми го кажал ова порано? – водич за ментално здравје

19.03.2024 Mart Vtornik

„Зошто никој не ми го кажал ова порано?“ на д-р Џули Смит е современ и практичен водич за одржување на менталното здравје и за живот во хармонија со себе. Самодовербата е домот што го градите за себе. Со своето повеќегодишно искуство во клиничката психологија, интернет-сензацијата д-р Смит ни дава драгоцени совети со кои скапоплатените психолози им помагаат на своите пациенти за справување со најчестите животни предизвици.

Богата со тајни од кутијата со терапевтски алатки, „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ изобилува со совети за зацврстување и одржување на менталното здравје. Од тоа како да се справиме со својата анксиозност или променливото расположение, да се соочиме со критика, да си ја поттикнеме мотивацијата, преку умешноста за развивање на самодовербата, прифаќање на загубата и тагата и учење како да си простиме – д-р Смит нагледно ни го објаснува функционирањето на човечкиот ум и ни дава насоки за секојдневно одржување на неговото здравје.


1 view

留言


bottom of page