Книга: „Ехо на споделеното лудило“ – и ранливоста на луѓето
Во „Ехо на споделеното лудило“ на Благоја Стојков ќе најдете интересни и мрачни случки, многу лаги и измами, тајни кои испливуваат на виделина, многу љубов и малку еротика, неочекувани пресврти и нераскинлив јазол на поврзаност помеѓу сите ликови во приказната која се развива како на филмска лента. Елза Вилоу е очајна откако ќе дознае за смртта на својот сакан сопруг. Телото го нема никаде – само локва крв и извадено човечко срце во неговиот кадилак. Таа паѓа во очај и е подготвена на сè за да дознае кој и зошто го има убиено Морган и дали тој навистина е мртов. Сосема случајно открива поврзаност помеѓу сопругот и Брент Брајсон – поранешен криминалистички психолог чија осумгодишна ќерка исчезнала под мистериозни околности…
Никогаш не треба да заборавиме дека ние луѓето сме премногу ранливи и кршливи. А кршливоста резултира со неизбежно лудило. Како да се справиме со лудилото? Дали е подобро да се сподели или треба љубоморно да се чува?
Comments