top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Книга: „Естом“ – посветен на уметноста

Романот „Естом“ е книга во која Николина Андова Шопова продолжува да истражува некои од темите кои се карактеристични за нејзиното творештво: необичните човекови судбини, судбините на чудаци кои се разликуваат од околината во која живеат, верувањето во ирационалното и неискажливото како важен елемент на човековиот живот, чувството дека човековиот живот се состои од мигови кои не можат целосно и до крај да се објаснат.

„Таков ‘чудак’ кој живее според сопствени правила е и главниот лик во романот ‘Естом’ – пантомимичарот Олег. Врвен во она што го прави, целосно посветен на својата уметност и умешност, Олег наликува на оние уметници кај кои нивниот уметнички сензибилитет целосно се поклопува со нивниот живот и судбина. Живеејќи според поетиката на отсуството, на невидливото, на силината на световите што самиот ги создава, а се помоќни од каква било ‘реалност’, тој успева својот живот целосно да го поистовети со својата уметност“, ќе посочи Владимир Јанковски кон романот.


2 views

Comments


bottom of page