Книга: „Еден сив мартовски ден“ – психолошки роман
„Еден сив мартовски ден“ од Тања Урошевиќ (1936-2020) е роман најден во оставината на писателката, завршен и подготвен за печат, а пишуван е од почетокот на 2017 до почетокот на 2020.
„’Еден сив мартовски ден’ е класичен психолошки роман, со интроспекции и ретроспекции, богат со детали од секојдневниот градски живот. Дејството на романот се одигрува главно во Скопје, во периодот на крајот од 40-те, па сè до крајот на шеесеттите години од 20 век. Приказната ги следи животните патеки на три школски другарки – Катарина, Оливера и Маријана, но и на Весна, ќерката на Катарина. Таа приказна започнува и завршува со еден посебен миг – отпуштањето на Катарина од казнено-поправниот завод каде што одлежувала петгодишна казна поради тешка сообраќајка. Може да се каже дека секоја од нив го преиспитува својот живот барајќи го моментот кога во него се вовлекла ‘грешка’ која ќе биде причина за идните судири и недоразбирања“, посочува издавачот „Или-или“.
Comments