Книга: „Генералот на мртвата војска“ – за залудноста на војната
08.07.2024 Juli Ponedelnik
„Генералот на мртвата војска“ е најпознатиот роман на албанскиот писател Исмаил Кадаре.
Првото издание на романот излегува од печат во 1963 година, кога Кадаре е на дваесет и шестгодишна возраст, и до денешен ден останува најдобро оценетиот роман на овој извонредно оригинален романсиер и од страна на публиката и од страна на критиката. Во раните 60-ти години на 20 век, речиси дваесет години по крајот на Втората светска војна, еден италијански генерал, придружуван од еден свештеник, кој е, исто така, полковник на италијанската армија, е испратен во Албанија за да ги лоцира и да ги собира останките на неговите сонародници кои загинале за време на војната и да ги погребе во Италија. Како што го организираат копањето и ексхумацијата, така сè повеќе им се наметнува прашањето и за опсегот и за вистинската вредност на нивната задача. Разговорите што се одвиваат меѓу генералот и свештеникот се како за залудноста на војната, така и за бесмисленоста на нивниот потфат…
Comments